Генерацијата 2005 која во новата натпреварувачка сезона ќе дебитира во рамките на помладата пионерска Супер лига, после долга пауза започна со тренинзи. Тренер на оваа генерација ќе биде Драган Стефановски-Гаге, а екипата ќе биде засилена со четворица играчи. Всушност се работи за повратници во Вардар, кои изминативе две години беа дел од Академијата на ФФМ, каде преминаа токму од редовите на Вардар.
Се работи за голманот, Илија Апостоловски, потоа Зоран Фидановски, Симеон Здравковски и Арбин Курти. Во Вардар се враќа и Филип Радевски, кој изминатава сезона настапуваше за екипата на Кул.
Вардар Фанс беше присутен на вчерашниот тренинг од кој ви носи фотогалерија.