Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар совладан од Борец со минимални 0-1
Вардар совладан од Борец со минимални 0-1

Вардар совладан од Борец со минимални 0-1

Вардар денес во првото коло во сезоната 2020/2021 започна со пораз на домашен терен. Борец не совлада со минимални 0-1, сепак Васовски и комците прекасно започнаа подготовки па беше помалку очекувано на првиот меч да немаме игра на ниво.

Вардарци не можеа полошо да го отворат шампионатот и овој дуел. По само две минути игра, Борец стигна до предност, откако Велковски не успеа да излезе на време, Фернандо упари супер асистенција до Радовиќ на кој не му беше тешко да постигне погодок од зицер позиција. По голот, Борец имаше уште една добра шанса за гол, но по среќа на Вардар не ја искористија. Вардарци во првиот дел имаа колку-толку две добри шанси преку Цветаноски и Колевски, но и двете шанси пропаднаа бидејќи нашите играчи не беа вешти во завршницата. Борец пред самиот крај на првиот дел имаше уште една супер шанса за гол, исто така преку Радовиќ, но за среќа на Вардар офанзивниот играч на гостите промаши 100% шанса за 0:2 на полувреме.

Вардар најубавата можност ја имаше во 56. минута преку Дарко Мицевски кој од слободен удар биеше силно под пречката, но Мустафа го одбрани неговиот шут. За жал не успеавме да погодиме во вториоте 45.минути и да дојдеме до резултатска симетрија и реми исход. Доста работа е пред нас, денешниот меч покажа дека големите промени во ростерот, кратките подготовки, неиграњето на ниеден пријателски меч беа отежувачки фактори за нашиот тим.