ФК Вардар оваа сезона ќе има и свој нов капитен и лидер. Капитенската лента од Филип Гачевски кој си замина од клубот, ја превзема еден од играчите со најголем стаж во ,,црвено – црниот” дрес, играчот од средината на теренот, а некогаш и наш дефанзивец, Филип Најдовски.
Популарниот Најдо во новата сезона ќе има голема чест но и одговорност да ја носи капитенската лента на шампионот и најтрофеен фудбалски клуб во земјава.
Му посакуваме со успешност и со денешна победа да стартува Најдовски како капитен!
Дуелот на Градски започнува за еден час.