Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Петејчук и Стојановски дебитираа за првиот тим на ФК Вардар, на клупата беа уште Величковиќ и Стојковски
Петејчук и Стојановски дебитираа за првиот тим на ФК Вардар, на клупата беа уште Величковиќ и Стојковски

Петејчук и Стојановски дебитираа за првиот тим на ФК Вардар, на клупата беа уште Величковиќ и Стојковски

Во текот на вчерашниот ден стартуваше новата натпреварувачка сезона во рамките на првата македонска фудбалска лига.

Сезоната, со натпревар на градскиот стадион, ја отворија екипите на Вардар и Борец, дуел на кој минимално славеа гостите од Велес.

Вардар на овој меч настапи со подмладен состав, со оглед дека погоем број од искусните играчи го напуштија клубот, кој има големи финански проблеми. Вчерашниот натпревар против Борец, ќе го запаметат Георг Стојановски кој со само 16 години дебититираше за првиот тим, како и Анатолиј Петејчук кој има 18 години. Петејчук беше во првите 11-сетмина, додека Стојановски влезе во последните пет минути од мечот. Двајца имаа деби во црвено-црниот дрес, на официјални натпревари за клубот.

Од помладите, на клупата за резерви беа Лука Стојковски (2003) и Мартин Радуловиќ-Величковиќ (2002) генерација.

ФОТО: Вардар -фото галерија