После долга пауза, генерацијата 2007 на ФК Вардар започна со подготовки за новата натпреварувачка сезона. Тренер на оваа генерација и понатаму ќе биде Горан Петрески, кој ги построи младите вардарци на теренот на Академијата. Се работи за идентичен состав од минатата сезона, а екипата во новата сезона треба да се натпреварува во рамките на регионалната-скопска лига.
Нашиот медиум го проследи нивниот вчерашен тренинг, од кој ви носи фотогалерија.