Ова лето, македонските ракометни екипи беа одлични на трансфер-пазарот. Сите фаворити помеѓу кој и РК Вардар 1961, значајно ги засилија своите ростери во пресрет на новата сезона. Вардар е фаворит за тронот, сепак ќе биде интересно со засилените тимови на Еурофарм Пелистер и Металург.
Порталот специјализиран за ракометот „Balkan-Handball.com“ направи листа од 15 најдобри засилувања на мак-тимовите во оваа година, кое изгледа вака:
Златко Хорват (ППД Загреб – РК Металург)
Марко Вујин (Спортинг Лисабон – РК Вардар)
Стипе Мандалиниќ (Фуксе Берлин – РК Еурофарм Пелистер)
Момир Рниќ (РК Пролетер – РК Металург)
Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт – РК Вардар)
Јосип Периќ (Гепинген – РК Еурофарм Пелистер)
Ловро Јотиќ (РК Еурофарм Пелистер/Бенфика – РК Вардар)
Марко Тарабокиа (Чурго – РК Металург)
Филип Талески (Балинген – РК Вардар)
Анте Гаџа (ППД Загреб – РК Вардар)
Томислав Кушан (Ла Риоха – РК Еурофарм Пелистер)
Бранко Канкараш (Мешков Брест – РК Металург)
Патрик Валчак (ТУС Либеке – РК Вардар)
Никла Потиќ (Либек – РК Металург)
Марко Танкоски (РК Металург – РК Еурофарм Пелистер).