Вечерва со почеток од 21:15 часот, екипата на Вардар ќе го одигра и вториот натпревар на турнирот во Струга.
Противник за избраниците на Алушовски, ќе биде екипата на Еурофарм Пелистер. Екипата од Битола во првото коло, иако даде силен отпор, на крајот доживеа пораз од тимот на Бутел (21:17). Вардар пак, отвори со триумф на турнирот во Струга, откако вчера вечерта го победија тимот на Охрид (27:22).
На дуелот со Охрид, тренерот Алушовски им даде шанса на сите ракометари кои беа во составот на овој натпревар. Вечерва, шанса се очекува да добијат и помладите ракометари, како Кизиќ, Гашовски и Карапалевски. Црвено-црните се големи фаворити за освојување на бодовите, против екипата која е предводена од Александар Јовиќ, кој е поранешен играч на нашиот клуб.
Се поизвесно е дека во големото финале, кое на програмата е во недела, ќе се сретнат екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер. Со оглед дека битолчани славеа во дербито на првото коло, против екипата на Металург, нема друг противник во групата кој може да го изненади тимот на Жељко Бабиќ.
Од друга страна, Вардар треба рутински да ги добие и останатите два противници во групната фаза и на тој начин да го потврди пласманот во големото финале.
Вечерашниот дуел против екипата на Еурофарм Пелистер 2, ќе можете да го проследите со дирекен пренос на МРТ-3.