Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Новите засилувања дебитираа со погодоци во дресот на Вардар
Новите засилувања дебитираа со погодоци во дресот на Вардар

Новите засилувања дебитираа со погодоци во дресот на Вардар

Вардар со победа го стартуваше традиционалниот турнир во Струга. Рутинска победа за избраниците на Алушовски, кои одиграа доволно за да се совлада екипата на Охрид.

Иако во еден дел од првото полувреме имавме проблеми во играта, па и негатива, сепак на стартот од вториот дел со серија од четири погодоци, Вардар се одлепи резултатски, па до крајот на натпреварот имаше контрола на резултатот. Триумфот дојде со резултат 27:22

Натпреварот против Охрид, беше деби во црвено-црниот дрес, за новите засилувања. Првите погодоци за Вардар ги постигнаа Филип Талевски (3), Ловро Јотиќ (3), Гоце Георгиевски ,Марко Вујин (2), Патрик Валчак (1), Јосип Векиќ (1), и Анте Гаџа (1).

Единствено гол не успеа да постигне, Томислав Јагуриновски. Можност за ново докажување, засилувањата за Европскиот Шампион, ќе имаат вечерва, кога ги очекува дуел против екипата на Еурофарм Пелистер 2.

ФОТО: Gol.mk