Уште еден играч од шампионската генерација на Вардар пронајде клуб надвор од нашата земја. Најдобриот играч и стрелец минатата сезона во ПМФЛ, Даниел Аврамовски е нов играч на Кајзериспор и наскоро ќе биде претставен во Турција, каде и официјално ќе потпише договор.
Аврамовски е трет македонски интернационалец во турската Суперлига, по Ердон Даци од Коњаспор (исто така поранешен играч на Вардар) и Адис Јаховиќ од Анталијаспор.
За Аврамовски ова ќе биде четврти клуб надвор од нашата земја. Претходно офанзивецот беше дел од екипите на Црвена Звезда, Војводина и Олимпија Љубљана.
Му посакуваме успех на Аврамовски во новата средина.