ЖКК Вардар, со првиот собир по подолго време, ги започна пред десетина со летните подготовки пред почетокот на сезоната 2020/21. Жаклина Стојановска ги стартуваше девојките, оваа сезона се отежнати подготовките поради пандемијата, сепак од црвено-црниот тим се почитуваат сите пропишани протоколи за заштита од корона вирусот.
Полека како изминуваа деновите колективот се комплетираше, речиси сите девојки се во стројот, се работи вредно и посветено на подигнување на формата. Огромна беше паузата, истата настана по прекинот на првенството во месец март. Оваа сезона и дел од помладите вардаки ќе добијат шанса во сениорската конкуренција. Се работи на техничко-физичка подготовка, по одобрувањето на протоколите за мечеви ќе се игаат и тест-дуел за максимално вклопување на тимот во една целина.