Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Можност за прв трофеј во новата сезона, Вардар против Еурофарм Пелистер, во финалето на струшкиот турнир
Можност за прв трофеј во новата сезона, Вардар против Еурофарм Пелистер, во финалето на струшкиот турнир

Можност за прв трофеј во новата сезона, Вардар против Еурофарм Пелистер, во финалето на струшкиот турнир

Вечерва со почеток од 21:15 часот, на програмата е големото финале на турнирот во Струга. Во него ќе се сретнат екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер.

Се исполнија очекувањата на љубителите на ракометот, овие две екипи, да се борат за трофејот на струшкиот турнир. Вардар и Еурофарм Пелистер заврпија на првото место во групата и на тој начин обезбедија финале. Двете екипи освоија максимален број на бодови во групната фаза, односно на три одиграни мечеви, имаа исто толку и победи.

Вардар ги победи екипите на Охрид, Еурофарм Пелистер 2 и Бутел, додека Еурофарм во групата беше подобар од екипите на Металург, Струга и Прилеп.

Противникот на Вардар во големото финале, тимот од Битола донесе неколку засилувања во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а меѓу најзвучните беше доаѓањето на Стипе Мандалиниќ. Вардар исто така, беше многу активен на траснфер пазарот, има голем број на нови играчи, па сигурно дека турнирот во Струга послужи за воигрување на тимот.

Во борбата за бронзениот медал, ќе играат екипите на Металург и Охрид, додека во финалето кое стартува од 21:15 часот со директен пренос на МРТ-3 ќе играат Вардар и Еурофарм Пелистер.