Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар влегува во ритам на подготовките
ЖКК Вардар влегува во ритам на подготовките

ЖКК Вардар влегува во ритам на подготовките

ЖКК Вардар, со првиот собир по подолго време,  ги започна пред десетина со летните подготовки пред почетокот на сезоната 2020/21.  Жаклина Стојановска ги стартуваше девојките, оваа сезона се отежнати  подготовките поради пандемијата, сепак од црвено-црниот тим се почитуваат сите пропишани протоколи за заштита од корона вирусот.

Полека како изминуваа деновите колективот се комплетираше, речиси сите девојки се во стројот, се работи вредно и посветено на подигнување на формата. Огромна беше паузата, истата настана по прекинот на првенството во месец март. Оваа сезона и дел од помладите вардаки ќе добијат шанса во сениорската конкуренција. Се работи на техничко-физичка подготовка, по одобрувањето на протоколите за мечеви ќе се игаат и тест-дуел за максимално  вклопување на тимот во една целина.