Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Хорват: Не сме без шанси во Скопје, нашата предност е што имаме воигран тим
Хорват: Не сме без шанси во Скопје, нашата предност е што имаме воигран тим

Хорват: Не сме без шанси во Скопје, нашата предност е што имаме воигран тим

На 29.август треба да се одигра реванш натпреварот од 1/4 финалето во СЕХА-лигата, меѓу екипите на Вардар и Нексе. Црвено-црните имаат предност од еден гол, остварен на првиот дуел во Нашице, па така се многу блиску до пласман на завршниот турнир во ова натпреварување. Сепак, тренерот на хрватскиот вицешампион, Хорват, верува дека неговиот тим има шанси на реваншот во Скопје, а како предност го смета неговиот состав кој е повоигран, за разлика од тој на Вардар, кој летово менуваше многу

„Ќе го извлечеме најдоброто што можеме и повредените ракометари ќе бидат спремни за Вардар. Не сме без шанси во Скопје. Вардар е голем клуб, но имаше многу промени годинава и ги „закрпи“ дупките кои настанаа со многубројните заминувања. Наша предност е тоа што имаме воигран состав и не менувавме премногу, истакна Хорват.

Нексе не се прослави многу во подготвителниот период, одигра четири натпревари на кои претрпе три порази и само еднаш забележа триумф.