Попладнево со почеток од 17:30 часот, во С.Ц. Јане Сандански, екипата на РК Вардар ќе одигра контролен дуел против екипата на Еурофарм Пелистер.
Ова ќе биде втора меѓусебна пресметка на двата тима, за краток период, а првата ја доби екипата од Битола. Во големото финале на струшкиот турнир, славеше Еурофрм Пелистер со резултат 26:23.
Денешниот меч ќе биде од затворен карактер без присуство на гледачи, а кај Вардар ќе недостасуваат Дисингер и Јотиќ, кои се здобија со мали повреди на турнирот во Струга, па денес не добија дозвола од лекарскиот тим за нстап.