Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Работнички и Вардар си поделија по бод
Работнички и Вардар си поделија по бод

Работнички и Вардар си поделија по бод

Вардар одигра добар натпревар и ги бодели бодовите со Работнички, откако попладневниот натпревар заврши 1:1. Преку Мицевски Вардар поведе, а Работнички се врати со голот на младиот Станковски за 1:1. Васоски може да биде задоволен со овој бод бидејќи Вардар одигра солиден натпревар.

Вардар го одигра најдоброто прво полувреме сезонава. Создаде пет супер шанси за гол, но за несреќа по вардарци, изостана најважното, а тоа е реализацијата. Уште во првата минута Вардар можеше да поведе преку Попзлатанов, кој имаше супер две шанси, но и Јанков одлично на два пати го спаси својот гол со интервенции. Возбудливите шанси на Вардар продолжија и понатаму. Кон средината на првиот дел по супер акција, Најденов биеше во свој стил силно, но уште еднаш одбрани Јанков и спречи гол, а потоа топката дојде до Петковски кој од 12-сетина метри биеше само покрај стативата. Најубавата шанса ја имаше Цветаноски. По една грешка на Стојков, убаво продре, го измами противничкиот играч, си создаде гол шанса, но биеше само над голот и пропадна и оваа голема шанса. Домаќинот во првиот дел имаше исто така една супер шанса за гол, а за среќа на Вардар младиот Крстевски изблокира и спречи гол од неколку метри.

Во вториот дел во игра влезе Блажевски на местото на Цветаноски. Навалната линија на Вардар конечно профункционира во 59.минута. Блажевски со супер топка до Петковски, кој асистираше до Мицевски за предност од 0:1, откако капитенот на Вардар со бомба удар стрелаше. По голот, домаќинот тргна по изедначување, а како одминуваше натпреварот така и Вардар се повлекуваше бидејќи како што е добро познато кондицијата не е на страната на ,,црвено – црните”. Токму во 75.минута по скратен корнер на домаќинот, Лука Станковски се најде сам пред голот на Вардар и стрелаше за 1:1. До крајот на дуелот немаше промени, па така со поделба на бодовите заврши дуелот.