На мечот со Работнички, екипата на Вардар го доби Шампионскиот трофеј, за натпреварувачката сезона 2019/20. Денес во градското дерби одигравме 1:1 против Работнички, а пред започнување на натпреварот Вардар заслужено го доби трофејот во прекината сезона, во која црвено-црните имаа голема предност пред конкурентите.
Ова беше 12.титула за Вардар, а трофејот го крена капитенот Дарко Мицевски.