Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Валчак го спаси Вардар, црвено-црните и по деветти пат ќе играат на Ф4 турнирот во СЕХА-лигата
Валчак го спаси Вардар, црвено-црните и по деветти пат ќе играат на Ф4 турнирот во СЕХА-лигата

Валчак го спаси Вардар, црвено-црните и по деветти пат ќе играат на Ф4 турнирот во СЕХА-лигата

Вардар се спаси за „влакно, иако беше поразен на домашен терен од екипата на Нексе, сепак успеа да се пласира на Ф4 турнирот во Задар. Во драматична завршница, Валчак со гол на шест секунди пред крајот го спаси Вардар од елиминација.

По истекот на првите 30 минути ниту една од екипите не беше во предност, а во текот на првото полувреме видовме вкупно девет израмнувања. Најчесто Вардар беше тимот кој одржуваше предност, но истата до 20.минута не беше поголема од еден гол разлика. Нексе играше добро во овој дел од мечот и не му дозволи на Вардар, резултатски да се одлепи и предвреме да го реши патникот на завршниот турнир во Задар.

На голот на Вардар во првиот дел беше Борко Ристовски, кој имаше вкупно четири одбрани, додека во периодот од 19-22 минута од натпреварот, црвено-црните направија серија од 3:0 и поведоа со највисоки 11:8, откако голот на Нексе редоследно го погодија, Јотиќ, Калараш и Дисингер. Кога помисливме дека ќе се одлепиме од противникот, направивме неколку грешки во нападот, како се ближеше крајот на првиот дел, тимот на Нексе ја топеше негативата и во 30 минута преку Кевиќ го израмни резултатот на 13:13. Најрасположен за игра во првиот дел кај Вардар беше Кристијан Дисингер кој успеа да постигне пет голови.

Со првите погодоци на Валчак и Дибиров, Вардар се одлепи на два гола предност на стартот на вториот дел, но ново израмнување видовме во 36 минута кога на семафорот стоеше 16:16. Противничкиот голман, Морено Цар стигна до девет одбрани и беше најголемиот виновник што Вардар се уште немаше некоја предност, која му гарантираше мирен продолжеток од натпреварот. Многу лош период за Вардар, екипата на Нексе влезе во серија и поведе со 20:24, резултат кој ги водеше на Ф4 турнирот. Набрзина се вративме од минус четири гола, на само еден негатива, благодарение на Чупиќ кој од пенал намали на 23:24 и претходно со погодоците на Гаџа и Јагуриновски. На два гола негатива, Валчак постигна гол и благодарение на него намаливме на 25:26, резултат кој не однесе на Ф4 турнирот во СЕХА, поради поголемиот број на постигнати голови на гостински терен. Два од последните три гола на мечот за Вардар ги постигна токму полскиот интернационалец, па може да се каже дека го спаси Вардар од елиминација.

Чупиќ и Дисингер постигнаа по 5 голови, додека Ристовски имаше 9 одбрани.