Патрик Валчак го постигна решавачкиот гол, вреден пласман за Вардар на завршниот турнир во СЕХА-лигата. Пласманот на црвено-црните трепереше до последните секунди, кога Вардар не беше сигурен дали ќе го елиминира Нексе. Иако имавме негатива од четири гола на пет минути пред крајот, успеавме да се вратиме а последните три голови за Вардар беа дело на Патрик Валчак. Неговиот последен со кој Вардар се пласираше на Ф4 е прогласен за најдобар гол на мечот.