Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Сакам да им честитам на момците за пласман на Ф4 – Валчак: Последниот гол беше вреден како и сите други на мечот
Алушовски: Сакам да им честитам на момците за пласман на Ф4 – Валчак: Последниот гол беше вреден како и сите други на мечот

Алушовски: Сакам да им честитам на момците за пласман на Ф4 – Валчак: Последниот гол беше вреден како и сите други на мечот

Вардар и деветти последователен пат ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата. Иако бевме поразени со еден гол, сепак нашиот шампион ќе се бори за трофејот во Задар. Во текот на целиот меч гледавме израмнет дуел, во еден период од првото полувреме, црвено-црните стигнаа до највисоки три гола, додека Нексе беше поблиску до пласман на Ф4, со оглед дека во финишот имаше водство од четири голови. Сепак не се предадовме, успеавме да се вратиме брзо и на крајот и со малку среќа да го елиминираме тимот на Нексе.

По завршување на мечот, своите впечатоци ги споделија тренерот Алушовски и Валчак, кој го постигна последниот гол на натпреварот.

-Бевме многу неодговорни во ситуација седум на шест и фрливме многу топки во бунар. Мислам дека е недопустливо за Вардар кој има големи амбиции, за некои играчи неодговорно да се однесуваат, иако во најдобра намера ги правеле грешките. Мораме да учиме од нив, и да играме секој ден се подобро. Дисингер беше навистина добар во првото полувреме, но второто полувреме беше голем проблем за нас, бидејќи успеавме да постигнеме само пет гола во првите 20 минути Сепак, би сакал да ја искористам можноста да им честитам на моите момци за пласманот на Ф4. Се надевам дека таму ќе имаме среќа и ќе бидеме подобри, изјави Алушовски.

-Последниот погодок беше исто толку важен како и сите други голови што ги постигнавме на овој меч. Ја постигнавме нашата главна цел со пласманот на Ф4. Сепак, ни претстои долг пат и верувам дека можеме добро да ја искористиме оваа средба и да се подобриме во аспектите на играта што не функционираа денес, истакна Валчак.