Вчера по пауза од половина година, односно од рестрикициите во март месец поради пандемијата со Ковид-19, кадетскиот состав на ЖРК Вардар го одигра првиот меч. Девојките на Платон Анжела и Марија Папуџиева гостуваа кај тимот на РК Спартак Кисела Вода. „Лавиците“ можеби на изненадување на многумина, но не и на тие кои ги следат покажаа дека може да се надигруваат и да совладат тим кој е сениорски, екипа во чии редови има и репрезентативки од мак.селекциите во младинска конкуренција. Победата дојде со минимален резултат, но причинува максимално задоволство.
Најпрвин домашниот тим кој е повозрасен успеа да го исконтролира почетокот на дуелот, ние имавме и неколку серија технички грешки поради фактот што ова ни е прв меч по половина година без настап. Успеавме да направиме баланс, па се вративме во игра против ривалсиот тим, на одмор заминавме со резултатска симетрија. Резултатот за време на паузата во салата „Круме Кепевски“ во Кисела вода беше 15:15. На овој меч настапивме и делумно ослабнати, без капитенот на тимот, Коловска Александра која паузираше поради ситна повреда која набрзо ќе биде надмината.
Во вториот дел одигравме подобро, особено во втората половина од него кога одбраната, она што не краси беше на завидно ново. Јована Трајковска посебно се истакна во дефанзивните задачи, двете голманки беа на ниво, Христоска Леа имаше перфектни одбрани, придонес даде и Вероника Ѓорѓиевска. Во нападот сестрите Коцеви беа убоити, стадардно добра беше Пешиќ, атрактивни голови имаа Јана Равојска и Зорица Андовска. Од минута во минута покажавме дека сме зрел тим, дека може да се носиме со сениорски противник, тоа го докажавме и на крајот. Остваривме победа над членот на Супер лигата, РК Спартак со резултат 29:30 на овој дуел.
Прв стрелец беше неприкосновената на овој дуел, Борјана Коцева, девојката со изворедна ракометна интелигенција погоди дури седум пати, пет гола беа дело на Бојана Коцева. Мила Пешиќ стрелаше во 4 наврата, две девојки имаа по три гола, Равојска Јана и Наталија Максимовска, а две по два погодока: Мила Крагељ и Зорица Андовска. По еднаш успешно ја погодија мрежата: Бојана Радевска, Ива Ангеловска, Андреа Миланова и Сара Стојанова.
Голманките имаа одличен перформанс, тие сопреа 37% од ударите на ривалките, односно вкупно 17.топки. Леа Христоска одбрани 9 удари кон нејзиниот гол, а Вероника Ѓорѓиевска сопре 8 топки на овој дуел.