Од таборот на шампионот на Македонија ни пристигнува една убава вест. Трансфер-забраната на ,,црвено – црните” е тргната. Вардар ги подмири барањата на Гандзасар, па сега слободно може да носи нови фудбалски имиња.
Прв во редот што го засилува нашиот тим е поранешниот репрезентативец на Македонија, Милован Петровиќ. Петровиќ веќе извесно време тренира со тимот, а сега ќе има и право за настап. Вториот кој го засилува тимот е 28-годишниот чувар на мрежата Александар Игески. Трет во низата што го засилува Вардар е Чарлестон Силва Дос Сантос, дефанзивец кој оваа сезона ќе ги браните боите на Вардар. Најново засилување за нападот на Вардар ќе биде Мартин Мирчевски кој исто така доаѓа во редовите на шампионот. 22-годишниот Марко Мартинага е на проба, па останува да видиме дали и тој ќе потпише договор со шампионот.
Значи, Вардар осетно ќе биде засилен за продолжението од шампионатот.