Во големото СЕХА финале ќе се сретнат тимовите на Вардар и унгарскиот гигант, Веспрем. Овие два тима ќе играат по трети пат помеѓу себе во големото финале од регионалната ракометна лига, наппреварот е закажан за утре.
На собирот во Задар, ќе ги имаме за ривал повторно унгарцуте, со нив првото финале го одигравме во Вараждин (2016 година), на таа средба бевме поразени со два гола. Нашиот ривал победи со резултат 28-26 доаѓајќи до првата титула во лигата. Години потоа, онаа легендарна 2017 кога прв пат дојдовме и до европска круна, во битката за трофејот во СЕХА, повторно го имавме истиот ривал. На натпреварот одигран во Белорусија, во големото финале во градот Брест, момците на Гонзалез и Камара дојдоа до победа со дури пет гола (26-21) што донесе голема самодовредба пред завршниот турнир во ЛШ.