Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Покажавме карактер со ППД Загреб
Алушовски: Покажавме карактер со ППД Загреб

Алушовски: Покажавме карактер со ППД Загреб

Вчера, како што е веќе познато на само него својствен начин, РКВардар успеа да се  пласира во финалето од Ф4-турнирот во СЕХА-лигата на чудесен начин. Пресуди преку пенал-серијата по конечните  26-26 против ППД Загреб. Тренерот на црвено-црните, Алушовски го кажа своето видување за овој дуел.

Добро ја отворивме средбата дури имавме свежина во нападот и додека Кристијан Дисингер одигра во полна сила. Потоа ги повторивме грешките во игра ‘6 на 5′ и наместо да отидеме во позитива ние дозволивме серија од 0:4 и се загубивме. Загреб беше подобар противник 52 минути. Одбраната не беше толку лоша колку што игравме лошо во нападот. Потоа постигнавме некој лесен гол, Борко Ристовски фати неколку топки кои беа клучни. Покажавме карактер, овие момци се родени победници. Тимот на Веспрем годинава е фаворит во финалиот дуел. Тоа е една екипа која е составена од одлични играчи кои се светски ѕвезди во светот на ракометот. Сепак нема да излеземе со бело знаме. Ќе се обидеме да дадеме најдобро што можеме од нас-рече Алушовски.