Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Нов триумф за помладите пионери, на пријателски натпревар совладан тимот на Работнички
Нов триумф за помладите пионери, на пријателски натпревар совладан тимот на Работнички

Нов триумф за помладите пионери, на пријателски натпревар совладан тимот на Работнички

Нова победа на контролен меч за помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар. На теренот на Академијата момците на Драган Стефановски-Гаге за противник ја имаа екипата на Работнички, која ја победија со резултат 4:3.

По првото полувреме, црвено-црните имаа високо водство од 4:0, а на стартот од вториот дел во игра влезе втората постава на вардарци, па екипата на Работнички успеа да постигне три гола и на крајот да се избори за достоен пораз.

Никола Величковски беше играчот кој успеа да го отвори резултатот и да му донесе водство на Вардар од 1:0. Одлично игравме во овој дел од натпреварот, едноставно цела игра се одвиваше на половината на противникот, а како резултат на тоа се случи и втор гол во мрежата на Работнички, во листата на стрелци се запиша Ѓорѓи Дошев за 2:0. Продолжија нападите кон противничкиот гол, нов играч успева да ја погоди противничката мрежа, се работи за Арбин Курти, гол со кој поведовме и со 3:0. До крајот на првиот дел погодивме и преку Симеон Здравковски, за резултат 4:0 на полувреме.

Во вториот дел, екишата на Работнички успеа да постигне три гола за конечни 4:3 на овој контролен меч.

Вардар: Филевски, Здравковски, Серафимов, Таневски, Стојилевски, Спасиќ, Дошев, Цветков, Курти, Јовановски, Величковски