Изминатиот викенд, клубот за Реално Аикидо „Вардар“ го имаше својот прв тренинг во сала. Претходно се работеа „базични“ подготовки на отворен терен. Од овој викенд црвено-црните започнуваат со редовните активности во сала.
Првиот тренинг се одржа во објектот на улица Козле број.20, каде на 180м2 е распослан новиот дом на црвено-црните. Наскоро ќе започне работа и на другата локација во Ново Лисиче. Во продолжение погледнете фотографии од првиот трениг. За напомена е дека уписите за нови членови се во тек.
* Од Вардар за сите заинтересирани велат: Сите наши тренинзи се од отворен тип, повелете, дојдете да се дружиме. Уписот на нови црвено- црни членови е во тек и се врши на секој тренинг, без надокнада.
Контакт телефон: 076- 959- 960.