Кошаркарскиот клуб Вардар во својот дом, малата сала при Спортско рекреативниот центар „Кале“ изврши неколку зафати. Извршена е реконструкција на подлогата, паркетот повторно е во одлична состојба, покрај тоа се направени уште неколку интервенции во салата. Сега истата нуди одлични услови за машкиот, женскиот и младинските тимови на црвено-црниот кошаркарски колектив.