ЖРК Вардар го закажа четвртиот пријателски натпревар на овие летни подготовки. По одиграната средба со Спартак Кисела Вода, и двомечот со ЖРК Куманово на ред е дуел со тимот од Автокоманда.
Екипата на Металург е следен спаринг партнер на избраничите на Ристова Драгана и Александар Царчев.
Натпреварот ќе се одигра во сабота (12/09/2020) со почеток во 10:30 часот. Оваа контролна средба ќе се одигра во салата „Автокоманда“ во истоимената скопска населба.