Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски заминува на Кипар
Гачевски заминува на Кипар

Гачевски заминува на Кипар

Екс капитенот на ФК Вардар, Филип Гачевски својата фудбалска кариера ќе ја продолжи на Кипар во тимот на Енозис Паралимни.

Гачевски според нашите информации во текот на денешниот ден ќе стави потпис на договор со овој клуб. Гачевски е последниот играч од златната вардарова генерација кој што прави трансфер. Интересно е тоа што во овој тим настапуваат и двајцата поранешни играчи на Вардар, Фелипе и Балотели.

Како што информиравме вчера ексклузивно, Брдаровски заминува во Косово во екипата на Дрита од Гњилане.

Им посакуваме успех и на двајцата.