Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Брдаровски со трансфер надвор од нашата држава
Брдаровски со трансфер надвор од нашата држава

Брдаровски со трансфер надвор од нашата држава

Играчот кој помина цели пет сезони во дресот на ФК Вардар, Владица Брдаровски својата фудбалска кариера ќе ја продолжи во Косово во екипата на Дрита од Гњилане, дознава ,,ВАРДАР ФАНС”.

Брдаровски потпишува едногодишен договор со екипата чии тренер е Ардијан Нухиу, а во тимот настапува и Ардијан Цуцули, поранешниот играч на Шкендија. За Брдаровски ова ќе биде трет клуб надвор од Македонија, откако ги бранеше боите на Брно од Чешка и Ѓер од Унгарија.

Дрита на Брдаровски ја очекува дуел со Силекс, во меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Европа на 17 септември во Скопје.