Генерацијата на РК Вардар составена од играчи кои се родени 2004/05 година активно се подготвуваат за новата натпреварувачка сезона.
Избраниците на Зоран Петковски-Зенга во изминатиов период одиграа два контролни натпревари кои ги добија во своја корист. Првиот беше против екипата на Бутел на гостински терен, и вториот против тимот на КЛ7 во С.Ц Јане Сандански.
Резултатот е во втор план на овие контролни мечеви, шанса за настап и докажување добиваат сите ракометари кои даваат максимум на теренот.
За следната недела е предвиден да се одигра и коонтролен дуел со екипата на Металург. Во новата сезона, оваа генерација на Вардар ќе се натпреварува во пионерска и младинска конкуренција.