Претстојниов викенд продолжуваат натпреварите од 5.коло во ПМФЛ. После пауза од две недели поради репрезентативни настапи, тимот на Вардар се враќа на мечевите од македонската лига.
Во недела (13.09) на градскиот стадион, Вардар е домаќин на екипата на Шкупи. ФФМ за главен судија го одреди Константин Влахо од Скопје.
Дуелот ќе се одигра во терминот од 16:00 часот.