Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Избраниците на Зенга ги одиграа првите контролни натпревари во подготвителниот период
Избраниците на Зенга ги одиграа првите контролни натпревари во подготвителниот период

Избраниците на Зенга ги одиграа првите контролни натпревари во подготвителниот период

Генерацијата на РК Вардар составена од играчи кои се родени 2004/05 година активно се подготвуваат за новата натпреварувачка сезона.

Избраниците на Зоран Петковски-Зенга во изминатиов период одиграа два контролни натпревари кои ги добија во своја корист. Првиот беше против екипата на Бутел на гостински терен, и вториот против тимот на КЛ7 во С.Ц Јане Сандански.

Резултатот е во втор план на овие контролни мечеви, шанса за настап и докажување добиваат сите ракометари кои даваат максимум на теренот.

За следната недела е предвиден да се одигра и коонтролен дуел со екипата на Металург. Во новата сезона, оваа генерација на Вардар ќе се натпреварува во пионерска и младинска конкуренција.