Фудбалерите на Вардар им се враќаат на натпреварите по еднонеделната пауза поради репрезентативните настапи. Оваа пауза добро му дојде на нашиот тим физички да се одмори, дополнително да се воигра, но и да потпишат низа на нови фудбалери кои значително ќе го подигнат квалитетот на тимот.
Вардар оваа пауза ја искористи да се засили со дури шест нови имиња. Меѓу кои двајца интернационалци, Чарлестон Силва дос Сантос (одбрамбен играч) и Марко Мартинага (лев бек), а тука се и Милован Петровиќ, Мартин Мирчевски, Александар Игески и младиот Ерен Парталко.
Сите играчи се здобиваат со право на настап од ова коло. Значи, можеме да ги очекуваме уште од првата минута Чарлестон, Мирчевски, а можеби и искусниот Петровиќ. Мирчевски и Чарлестон уште на првиот дуел во дресот на Вардар постигнаа погодоци и дополнително се наметнаа.