Шампионот на Македонија и официјално ги презентираше новите имиња кои се 11 на број. Васоски во последниот ден од преодниот рок доби дури шест нови имиња.
Овој трансфер период, Вардарци добија на младост и искуство. Се вратија Блажевски и Петковски, дојдоа искусните Најденов, Лазаревиќ, и Петровиќ, а Вардар на квалитет доби и со младите Мирцевски, Игески, Велковски, Парталко, како и интернационалците Мартинага и Чарлестон.
Им посакуваме успех во дресот на ФК Вардар!