Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > 9 коло во детската лига за Фк Вардар генер. “2004“, “2005“ и “2007“ година
9 коло во детската лига за Фк Вардар генер. “2004“, “2005“ и “2007“ година

9 коло во детската лига за Фк Вардар генер. “2004“, “2005“ и “2007“ година

Викендов финишираше деветтото коло во детската фудбалска лига. Настапи имаа Вардаровите генерации родени “2004“ , “2005“ и “2007“ година.

Фк Вардар генерација “2004“ настапи со своите две екипи, кои забележаа убедливи победи.

Фк Вардар (1) за противник во ова коло ја имаше екипата на Фк Нови Лисици. Конечниот резултат гласеше 12:0. Самиот резултат ја отсликува ситуацијата на теренот и разликата во квалитет на двете екипи. Вардарци наметнаа силно темпо на игра, на кое противникот немаше одговор. Огнен Здравковски и Георг Стојановски постигнаа по 4 голови. Марио Ричков беше стрелец на два гола, по еден постигнаа Сандро Каровски и Горазд Попов.

Фк Вардар (2) ја потврдија доминацијата на оваа генерација и забележаа нов триумф. Совладан беше тимот на Фк Куманово, со конечен резултат од 7:1. Никола Анчевски беше стрелец на два погодоци. Еднаш во листата на стрелци се запишаа Димитар Стоимов, Стефан Стојановски, Никола Павлевски, Марио Сурлов и Теодор Перковски. До крајот на првиот дел од сезоната во оваа генерација, остануваат уште три кола за одигрувања, кои треба да завршат до 8-ми декември.

Фк Вардар генерација “2005“ продолжува со успешни настапи во детската лига. Серијата на победи за оваа Вардарова генерација продолжи и во ова натпреварувачко коло.

Фк Вардар (1) не дозволи изненадување во дуелот со Фк Смиљковци и на крајот победи со резултат 3:2. По првото полувреме имавме солидно водство од 2:0. Пред се квалитетен натпревар, каде на крајот подобриот тим ги освои бодовите. Стрелци на головите за Вардар беа:  Никола Величковски, Тино Спасиќ и Лука Јакимовски. 

Фк Вардар (2) со службен резултат од 3:0 го доби мечот со екипата на Чаир. Причина е недопатувањето на противникот за овој дуел.

Настап во ова коло и за Фк Вардар генерација “2007“ предводена од Томче Трајановски. Половичен успех за неговите две екипи.

Фк Вардар (1) немаше поголеми проблем да забележи триумф, во дуел со екипата на Њу Старс (2). Конечниот резултат на овој меч гласеше 6:0. Војо Стојановски повторно беше меѓу стрелците, постигнувајќи хет-трик. Стефан Младеновски го следеше со два погодоци, додека еден авто гол си постигна противникот.

Фк Вардар (2) пак беше изненаден од Њу Старс (1) и го загуби натпреварот со резултат 1:2. Стрелец на единствениот погодок за црвено-црните беше Борјан Томовски.