Стартот на новата натпреварувачка сезона во СЕХА-лигата е одложен за две седмици.
Првично, сезоната требаше да стартува претстојниов викенд, но тоа нема да се случи, па новиот датум за старт е од 23-25 октомври.
Во наредниот период треба да биде познат и распоредот на одигрување натревари во двете групи. Вардар е дел од групата А во која се уште и екипите на Татран Прешов, Војводина, Мотор Запорожје и Нексе Нашице.