Конечно, по неколку одложувања поради коронавирусот, вечерва ќе се одигра дуелот Македонија – Косово за пласман на Европското првенство во 2021 година.
Избраниците на Игор Ангеловски се во исчекување на дуелот на нивните фудбалски кариери. Пандев, Ристовски, Николов, Спировски и останатите вечерва ќе излезат на теренот со една цел – Победа, да ја израдуваат целокупната македонска фудбалска јавност и да се доближат на само еден чекор кон големиот настан, а тоа е Македонија на едно Европското првенство.
Вечерва нема да биде ни малку лесно. Иако противникот во Скопје допатува со низа на проблеми и без неколку свои стандандардни првотимци, сепак се работи за квалитетна репрезентација која секако дека нема да се предаде.
Сепак, ние веруваме во нашите момци. Веруваме дека ќе го остават срцето на теренот и ќе издвојуваат голема победа.
Веројатен состав за вечерва: Димитриевски, Ристовски, Велковски, Муслиу, Ристевски, Адеми, Спировски, Барди, Алиоски, Тричковски и Пандев.