Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар во сабота ќе одигра пријателски дуел со Македонија ЃП
Вардар во сабота ќе одигра пријателски дуел со Македонија ЃП

Вардар во сабота ќе одигра пријателски дуел со Македонија ЃП

Фудбалерите на Вардар оваа еднонеделна пауза ќе ја искористат да одиграа контролен дуел.

Како што дознава ,,Вардар Фанс”, фудбалерите на Васоски во сабота на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе одиграат контролен дуел со екипата која оваа сезона игра одлично во ПМФЛ, а тоа е Македонија ЃП.

Ова ќе биде добра шанса да добијат сите играчи минути и што подобро да се воигра тимот за следната недела и дерби пресметката со Шкендија во Скопје.

Дуелот во сабота ќе започне со почеток од 14:30 часот.