Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > АНГЕЛОВСКИ ГО РАЗВИОРИ ЗНАМЕТО, МАКЕДОНИЈА НА САМО ЕДЕН ЧЕКОР ДО ЕП!!!
АНГЕЛОВСКИ ГО РАЗВИОРИ ЗНАМЕТО, МАКЕДОНИЈА НА САМО ЕДЕН ЧЕКОР ДО ЕП!!!

АНГЕЛОВСКИ ГО РАЗВИОРИ ЗНАМЕТО, МАКЕДОНИЈА НА САМО ЕДЕН ЧЕКОР ДО ЕП!!!

Македонија со победата над Косово вечерва од 2:1 се пласираше во големото финале на Лигата на нации. Вечерва нашите фудбалерии одиграа одличен натпревар и заслужено победија. За пласман на ЕП, Македонија ќе се бори со репрезентацијата на Грузија.

Фудбалската репрезентација на Македонија имаше водство по првото полувреме со резултат 2:1. Се започна добро по нашиот тим. Уште во 16. минута една топка заврши пред казнениот простор кај Адеми, тој додаде до Стефан Ристовски, кој со шут по земја погоди во Фидан Алити, а потоа топката заврши во мрежата на ривалот за голема радост и 1:0. Следуваше шок, откако нашите фудбалери им подарија погодок на противниците. Димитриевски го напушти својот гол, па избоксува до Велковски, но тој изби лошо, па топката заврши до Флорент Хадерѓонај, кој го лобуваше нашиот голман за 1:1. Само неколку минути подоцна, одличен центар шут од прекин на Енис Барди, кој го пронајде Дарко Велковски, кој стрелаше крајно прецизно со глава за 2:1.

Одлични две шанси на стартот од вториот дел имаше Македонија. Горан Пандев се направи добро, шутираше, но голманот на Косово со крајни напори одбрани и одби во корнер. Само две минути подоцна и Несторовски имаше супер шанса со глава, но за жал и оваа шанса пропадна и остана 2:1 за Македонија. Во продолжението  од второто полувреме, Македонија одигра уште по добро. Штета што нашата селекција не водеше со два голови разлика бидејќи и го заслужи тоа. Во последните 10-сетина минути од дуелот се влезе со предност од првиот дел на Македонија од 2:1. Столе Димитриевски во 95. минута со парада ја спаси Македонија, а и зицер-промашување имаше Трајковски во самиот финиш за 3:1. На крајот, голема победа од 2:1.

ЧЕСТИТКИ ДО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА!!!!