Позитивни случаи на Ковид-19 има и во КК Вардар, претхнодно беше познато дека при тесирањето на сите членови на македонските кошаркарски прволигаши во одредени тимови веќе се појавија позитивни случаи.
Кај црвено-црните станува збор за еден случај на член на стручниот штаб. Како што објавиа од клубот, иако ги следеле сите протоколи, еден од тестовите е позитивен. Од саботата комплетниот тим на КК Вардар е во изолација и ќе остане таму се додека не помине потребниот период. Стартот на новата сезона е во прашање, истата е пред ново одложување.