Конечно, по едномесечна пауза, Вардар одново ќе одигра натпревар од Лигата на шампионите и тоа утревечер во Скопје во СЦ „Јане Сандански“, каде гостин ќе биде Бундес-лигашот Фленсбург.
Германскиот тим во Скопје доаѓа со максимален учинок, односно три победи од исто толку натпревари. Во тимот на противникот утре ќе настапи и еден довчерашен ракометар на Вардар. Се работи за Доминик Сикошек Пелко кој од оваа сезона е дел од тимот на Фленсбург.
Пелко потенцираше дека победата ја посакува повеќе од вообичаеното.
„Победата ја посакувам повеќе од вообичаеното, сакам Фленсбург да ги донесе двата бода дома“, изјави Пелко.
Дуелот се игра утре, со почетокот од 20:45 часот.