По дури еден месец без официјален дуел Европскиот првак, Вардар ќе го одигра вториот натпревар во Лигата на шампионите. Утре во Скопје гостува Фленсбург. Тренерот на црвено-црните, Алушовски кој мораше да бара начин тимот да го одржи во ритам поради двата одложени дуели за мечот утре вели:
-Овој натпревар со Фленсбург е прв за нас на домашен терен, но исто така е прв по подолго време, знаете дека месец дена не сме одиграле натпревар. Фленсбург е во мала предност, ако така може да се каже, зашто е во некоја натпреварувачка форма, во еден натпреварувачки ритам. Ние тренираме месец дена и се обидовме да одиграме два пријателски натпревари. Она што очекувам е, пред се и без разлика на се една машка борбена игра од наша страна.Добро ги анализиравме, не сме без шанси против Фленсбург иако досега се без пораз и го победија ПСЖ на гостински терен.
Меѓутоа играме на домашен терен, ќе се обидеме да излеземе како победници од овој натпревар. За мене многу важно е моите играчи да бидат подобри од она последно издание во Мешков и мислам дека на крај ќе имаме шанси да се радуваме. И тие имаат проблеми со повредени играчи, немаат некоја не знам каква ротација, но реков, во натпреварувачки ритам се па тоа е мала предност. Но тоа не значи дека ние нема да направиме сè за да излеземе како победници на крај- вели тренерот на Вардар.