Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пред точно три години, Вардар ја „преслуша“ Шкендија во дербито на ПМФЛ
Пред точно три години, Вардар ја „преслуша“ Шкендија во дербито на ПМФЛ

Пред точно три години, Вардар ја „преслуша“ Шкендија во дербито на ПМФЛ

На денешен ден пред точно три години, екипата на ФК Вардар успеа да излезе како победник во дуелот со Шкендија, на натпревар од ПМФЛ.

Иако на два пати имавме негатива на овој дерби натпревар, сепак на крајот црвено-црните триумфираа со резултат 4:2. По првото полувреме, тетовчани имаа водство од 0:1. Во вториот дел од натпреварот со голот од пенал на Фелипе во 55.минута го израмнивме резултатот на 1:1, за Шкендија повторно да го врати водството, исто така со удар од белата точка.

Сепак до крајот на натпреварот, вардарци постигнаа три гола во мрежата. Најпрво со голот на Дејан Влажевски израмнивме на 2:2, додека со вториот гол на Фелипе да направиме пресврт од 3:2. Конечните 4:2 на натрпеварот ги постави бразилецот Итало, кој погоди за конечни 4:2.

ВАРДАР: 90. Гачевски, 19. Хамбарџумјан, 6. Грнчаров, 21. Новак, 23. Демири, 16. Глигоров, 33. Исени, 70. Фелипе, 9. Блажевски, 11. Барсегјан, 72. Максимов.