Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујин се најде на поширокиот список на селекторот на Србија
Вујин се најде на поширокиот список на селекторот на Србија

Вујин се најде на поширокиот список на селекторот на Србија

Еден ракометар на Вардар се најде на поширокиот список на селекторот на Србија, за стартот на квалификациите за Европското првенство кое во јануари 2022 година ќе се одржат во Унгарија и Словачка.

Новиот стратег на Србија, Тони Џерона, го објави поширокиот список на играчи на кои ќе смета за натпреварите против репрезентациите на Грција и Белгија. На списокот се најде и Марко Вујин, за кој ова ќе биде враќање во репрезентацијата на Србија.

На поширокиот список се најдоа и поранешните вардарци, Мијајло Марсениќ, Дејан Милосављев и Илија Абутовиќ. Натпреварите против Грција и Белгија ќе се одиграат на 4 и 7.ноември, додека во групата се наоѓа уште и селекцијата на Франција.