Сеуште европскиот ракометен првак Вардар пред натпреварот против Флензбург во Лигата на шампионите пријави дека по новите тестирања еден играч е позитивен на коронавирусот.
Се работи за македонскиот репрезентативец, Томислав Јагуриновски кој имал зголемена температура пред неколку дена и сега ќе треба да е во домашна изолација откако неговиот тест бил позитивен.
Добрата вест е тоа што сите други ракометари имаа негативни тестови, па така се подготвени за дуелот в четврток со екипата на Флензбург.
Му посакуваме брзо закрепнување и враќање на ракометните терени на Јагуриновски.