По дерби дуелот со Пелистер во Битола и несреќните загубени два бода, ,,црвено – црните” ги очекува уште еден дерби дуел, овој пат во Скопје на Градски против големиот ривал Шкендија.
Дуелот на Вардар и Шкендија наместо в недела и дефинитивно ќе биде одигран ден порано на нашиот најголем стадион во државава и тоа со почеток од 14:30 часот.
Сигурно дека Вардар на овој дуел нема да биде фаворит, но и те како ќе имаaт мотив играчите на Васоски да стигнат до уште еден победа во ПМФЛ.
Сега за сега, сите играчи во Вардар се подготвени за настап.