Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > ФФМ го промени распоредот во младинските лиги, екипата на Еуроспорт Куманово ќе биде прв противник за младите надежи на Вардар
ФФМ го промени распоредот во младинските лиги, екипата на Еуроспорт Куманово ќе биде прв противник за младите надежи на Вардар

ФФМ го промени распоредот во младинските лиги, екипата на Еуроспорт Куманово ќе биде прв противник за младите надежи на Вардар

За претстојниов викенд се планира да стартува новата натпреварувачка сезона во младинските фудбалски лиги.

ФФМ го промени првичниот распоред на одигрување натпревари, па така наместо Пелистер, прв противник за младите надежи на Вардар ќе биде екипата на Еуроспорт Куманово.

Пионерските екипи ќе гостуваат во Куманово, додека кадетите и младинците се домаќини на истиов противник. Нема промена што се однесува до противникот за второто коло, во кое ќе се сретнеме со екипата на Победа.

Во третото коло, наместо со Еуроспорт, не очекуваат дуели со екипата на Пелистер, додека во 4.коло наместо со екипата на Ренова ( како што беше првично објавено), противник на Вардар ќе биде тимот на Академија Пандев.

Во текот на утрешниот ден треба да се знаат и официјалните термини за одигрување на натпревари во рамките на првото коло. Познато е дека кадетите и младинците на Вардар во првото коло на теренот на Академијата ќе ја пречекаат екипата на Еуроспорт.