Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Фленсбург врза три победи по ред во првенството и во добра форма ќе пристигне во Скопје
Фленсбург врза три победи по ред во првенството и во добра форма ќе пристигне во Скопје

Фленсбург врза три победи по ред во првенството и во добра форма ќе пристигне во Скопје

Во четврток, Вардар треба да го одигра натпреварот од 4.коло во Лигата на Шампионите, против екипата на Фленсбург.

Вардарци цел месец немаат одиграно дуел во ЛШ, па се надеваат дека натпреварот со бундеслигашот ќе се одигра, кој треба во текот на утрешниот ден да пристигне во Скопје.

Екипата на Фленсбург се наоѓа во добра форма, со оглед дека ги доби првите три натпревар во националното првенство. Тие славеа на гостувањето кај Вецлар и на домашните натпревари против екипата на Минден и Нордхорн. Последниот дуел во бундеслигата го одиграа во неделата, кога на домашен терен го победија Минден со резултат 29:24.

Натпреварот во четврток треба да се одигра во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 20:45 часот.