Во недела, Вардар ќе одигра натпревар од 11.коло во ПМФЛ. Шампионот на Македонија гостува во Струга кај екипата на Струга Трим Лум. Натпреварот ќе се одигра на градскиот стадион во Струга со почеток од 13:30 часот.
Главен судија на натпреварот ќе биде Крумислав Ѓорѓиев ( Штип), додека за негови помошници се назначени Ристо Ѓорѓиев ( Штип) и Зоран Саздовски од Штип.
После 10.одиграни кола, екипата на Струга ТЛ се наоѓа на 5.место на табелата со 15 освоени бодови, додека Вардар е на 9.позиција со вкупно 12 бодови. Вардар нема победа на последните три средби во ПМФЛ.