Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика: АК Вардар во периодот 1965-70…пишува проф.М.Бошковиќ
Атлетика: АК Вардар во периодот 1965-70…пишува проф.М.Бошковиќ

Атлетика: АК Вардар во периодот 1965-70…пишува проф.М.Бошковиќ

Повторно во својте пензионерски денови, професорот Мирослав Бошковиќ со ново писание од богатата седмум децениска историја на АК Вардар. 

Во овој временски период, политиката на клубот беше насочена кон поквалитетна стручна работа со атлетичарите. Затоа, во 1965 година за професионален тренер беше ангажиран Ѓорѓи Нечев, од Софија  Тој беше поранешен член на АК “Левски ”и член на репрезентацијата на Бугарија на 400, 800 и во штафетата 4х400 метри.

1

Со неговото доаѓање, приматот во екипен пласман преминува во сопственост на АК “Вардар”. Во 1965 година, во чест на легендата на АК “Вардар” и македонската атлетика, Лазо Милошевски, е одржан првиот меморијален митинг “Лазо Милошевски ”. РИСТО ПАВЛОВ настапуваше на средните патеки, а мошне успешен беше и на крос натпреварите. Неговите физички предиспозиции му овозможува да постигнува одлични резултати, особено во трките на стипл-чез. Во 1967 година, на државното првенство во Марибор, на 1500 метри стипл-чез беше меѓу водечките југословенски атлетичари во оваа дисциплина, а постигнатиот резултат 4:20,3 сеуште претставува рекорд на Македонија. Забележителен успех постигнува на 1.500 метри, кога истрча резултат од 3:52,7. На 800 метри трчаше 1:57,2, 2.000 м. за 5:40,0 , додека на 3.000 м. во 1967 г. трчал 8:34,0 . Имаше чест да настапи во југословенската репрезентација на Балканскиот крос во Букурешт. Поради недоразбирање со управата на клубот, преминал во АК “Работнички”.СИМЕ ЃОРЃИЕВСКИбеше еден од најуспешните атлетичари на 800 метри. Без поголеми тешкотии на 800 м. трчаше под 2:00,0 , што во тоа време беше мошне добар резултат. Како стандарден член на екипата, Симе секогаш му носеше драгоцени бодови на клубот. На 3.000 м. во 1966 г. има резултат од 9:07,1, на 5.000 најдобар резултат му е 15:54,0 (постигнат во 1966), 800 м.-1:57,9. Во 1970 г. е избран за професионален тренер на клубот. МИЛАН ПАВАСОВИЌ беше победник во меморијалната трка на 400 м. на првиот меморијал “Лазо Милошевски” одржан во 1965 г. Иако како воено лице кратко време настапуваше за клубот, (1965 и 1966 г).,тој оствари неколку мошне добри резултати: 400 м. 50,7 сек., додека на 300 м. имаше 37,5 сек.

2

МИЛЕ ПЕПОВСКИ (Слика 3) беше еден од најпознатите атлетски работници, а еден период, кон крајот на 80-те години беше и претседател на Атлетската федерација на Македонија. Воглавном настапувашево трките на средни патеки.Најдобри резултати имаше на: 400 со пр. – 1:00,1, 1.500 стипл-чез 4:44,8.АПОСТОЛСКИ ЉУПЧО како младинец беше најдобар сренопругаш во Македонија. Имаше неколку младински републички рекорди. И како сениор беше во врвот на македонската атлетика на средни и долги патеки. Неговите најдобри резултати се: 1.000 – 2:34,4 , 1.500 – 3:56,0, 2.000 – 5:41,1 , 1.500 stipl – 4:26,8 , 3.000 – 8:51,9 , 5.000 – 15,46,5 , 10.000 – 31:49,6 . 3.000 st – 9:31,4 . Беше меѓу најдобрите атлетичари во крос и уличните трки. Настапуваше на реномираните ноќни трки во Скопје, Белград, Загреб, Лјублјана и др. МИЛОШ БУЦЕВСКИ во АК “Вардар” доаѓа во 1965 г. и мошне брзо станува еден од водечките атлетичари во Македонија. 1966 година го собори и рекордот на Лазо Милошевски со резултат 49,4 секунди, и беше еден од најголемите таленти на македонската атлетика.На државнотопрвенство за постари јуниори, во 1966 г. го освои третото место. Леснотијата со која трчаше и постигнатите резултати му обезбедија и учество во репрезентацијата на Југославија. Тогаш настапи во штафетата 4×400 м. за постари јуниори во Одеса, која го освои третото место и бронзен медал. Во 1966 година, Милош Буцевски заедно со Јакимовски, Михајлов и Благоев беше член на штафетата 400-300-200-100 која постави нов рекорд на Македонија со време од 2:02.2. На гостувањето на клубот во Пловдив, во 1966 г. Буцевски постави нов македонски рекорд на 400 м. со време 49,2 сек.

4

Беше победник во меморијалната трка на 400 м. “Лазо Милошевски”, а тоа го повтори и во 1969 година. Истата година беше прогласен за најдоар спортист на Македонија. Во 1969 година премина во АК “Работнички.КИЧЕВСКИ МИТРЕ, како талентирано момче, доаѓа во АК “Вардар” во 1963 година. Неговиот талент доаѓа до израз во трките на средни и долги патеки. Интересно е што беше победник на сите републички кросеви во пионерска конкуренција, како и во категоријата за помлади и постари јуниори и помлади сениори. Во 1968 г. на 1.500 м стипл-чез имал најдобро време од 4:43,8, додека на 3.000 метри има време од 10:07,2. На 5.000 метри 15:58,0 постигнат во Стара Загора, Бугарија, во 1976 г. Повеќе пати беше делегат на клубот на Кнференцијата на АСМ, како член на Извршен и Надзорен одбор.

5

ИВАНОВСКИ МИРЕ во клубот доаѓа во 1966 г. Настапуваше на долги патеки, и беше мошне корисен атлетичар за клубот, особено за екипните и куп натпреварите. Настапуваше на рапубличките кросеви, како и на уличните трки. Неговите најдобри резултати се: 1000 м – 2:46,5 , 5.000 – 15:48,8 , 10.000 – 33:44,6. Ивановски е долгогодишен атлетски судија и атлетски рабтник.Покрај домашните, судел на сите натпревари на меѓународен план кои се одржувале во Скопје. Во 1965 година, во АК “Вардар” доаѓа ЉУПЧО ТРАЈЧЕВ, братот на Благица Трајчева. Со височина од 189 см. и тежина од 76 кг. Љупчо беше идеален атлетичар за дисциплината фрлање копје. Уште на самиот почеток на својата кариера, се проби во врвот на македонската и југословенската атлетика, и стана македонски и југословенски репрезентативец. Како постар јуниор, три пати настапуваше на поединечното првенство на Југославија. Во 1967 г., во Цеље, постигнува огромен успех, освојувајќи го првото место и титулата шампион на Југославија, со резултат 60,58 м. Наредната година, на првенството на Југославија во Скопје, Трајчев беше втор, со резултат 58,66 м. Успесите во 1967 и 1968 г. значеа и повик во репрезентацијата на Југославија на тромечот Југославија-Италија-Полска, во Ливорно, Италија. Во 1975 г. во Сараево, на државното сениорско првенство на Југославија, копјето го фрли на должина од 69,98 со што постави нов македонски рекорд на Македонија. Трајчев повеќе години беше претседател на АК “Вардар” и АСМ.

6

ЗОРАН ТАСЕВСКИ  во атлетиката се вклучи како ученик во гимназијата “Орце Николов”. Уште на самиот почеток на атлетската кариера го искажа својот огромен талент, победувајќи во дисциплините 100 м. и скок во далечина. На поединечното првенство на Југославија за постари јуниори,во Цеље, 1967 г. во скок во далечина го освојува петото место, а наредната година, во Скопје станува шампион на Југославија со резултат 6,81 м., додека на 100 м.беше втор со време 10,8 , зад Габор Ленѓел. . На меѓународниот митинг во Стара Загора (Бугарија) одржан во 1968 година, во трката на 100 метри Тасевски истрча 10,6 што претставуваше младински и сениорски рекорд на Македонија. На меѓународниот митинг во Стара Загора (Бугарија) одржан во 1968 година, во трката на 100 метри Тасевски истрча 10,6 што претставуваше младински и сениорски рекорд на Македонија. Во изборот на најдобрите спортисти во Македонија во 1968 година, Тасевски го освои 6 место. Во 1976 година во Скопје прескокна 7,15 м. и тој резултат е се уште актуелен сениорски рекорд на Македонија. На 400 м. имаше најдобар резултат од 50,0 . Во 1975 година со Чадиковски, Коевски и Благоев настапи за репрезентацијата на Македонија во штафетата 4×100 кога беше поставен републичкиот рекорд со време од 42,7. Два пати ги бранеше боите на југославија: Во 1967 во Удине, и 1968 во Ливорно. КАРЕР ВЛАДИМИР е републички рекордер во скок со стап. На првенството на Југославија за постари јуниори, во 1976 г. во Цеље, го освојува шетвртото место со разултат 3,80, додека наредната 1968г во Скопје, го освојува второто мето прескокнувајќи ја височината од 3,80 м. Истата година го облекува синиот дрес на тромечот Италија-Полска-Југославија, кој се одржал во Ливорно, Италија. Настапот за репрезентацијата значеше целосна афирмација на Карер, каде го постигна својот најдобар резултат од 3,90 м. Со 3,80 м. тој е и македонски рекордер во сала. За потребите на клубот, со голем успех настапуваше и во штафетите 4×100 и 4×400 м. ЦВЕТАН ПАНЕВ беше еден од најталентираните спринтери на АК “Вардар” . Во 1967 г. на младинското првенство на Југославија, на 100 н. Со време 11,5 сек. го освоил петото место, а на 200 м. шестото мсто. Наредната година, во Скопје, на 200 м. бил пети, со време 23,4. Неговите најдобри резултати се: 200 m. – 22,8, 300 m. – 36,5 I 400 m. – 51,3. Во 1968 г.настапи во составот на репрзентацијата на Југославија, во штафетата 4×100 м. На тромечот Италија-Југославија-Полска.

7

ТЕРЗИЕВ ПЕРО беше најсестраниот атлетичар на клубот. Настапуваше во сите спринтерски дисциплини, како и трките со пречки, штафетите, а беше успешен и во десетобој. Со голем успех настапил на младинското првенство на Југославија во 1968 г. во Скопје, кога го освои петото место со време 17,6 како и четвртото место на 400 м. со пречки со резултат 59,4.Во 1967 г. на еден атлетски митинг во Пловдив, Бугарија, настапил во трката на 400 м. со пречки, која ја истрчал во време на новиот македонски рекорд со време 58,6.

8

Голем придонес во успеситена клубот имаат и атлетичарот на средни патеки НАУМОВСКИ ВЕЛЕ (1.000 – 2:40,8 , 5.000 – 16:05,0 ) .Фрлачот ЗВОНКО НЕМЕТ ( копје 60,32 , диск-34,40, ѓуле- 12,85 ) , МИТКО ТРЕНЕВСКИ (400 и 800 м., штафета 4×400 м., втора во Југославија, 1968), АНАСТАСОВ БОГДАН (1.500 стипл-чез – 4:51,0) , НИКОВ РИСТО (копје – 60,95 ), АНТЕВСКИ БЛАГОЈА (копје – 52,70, диск – 39,21 ), НИКОЛОВ ХРИСТО, (диск – 38,10) , ДЕЛОВ РИСТО (трискок – 13,76, 400 пречки- 59,2 ), БРАЕВИЌ ВЕЉКО (110 пречки – 16,3), МИРА ВАСИЛЕВА (спринтерски дисциплини), МУСОВСКА КСЕНИЈА, МУСОВСКА ЗЕМИЈА, КАРЕВА ПЕТРА (средни патеки) и др. На младинското првенство на Југославија, во 1967 г. во Цеље, штафетата на Вардар во состав В. Карер, П. Терзиев, Ц. Панев и З. Тасевки, во штафетата 4×400 м.

9j 10

Ја освои шампионската титула. Овој состав го повтори успехот и наредната година во Скопје, во штафетата 4×100 м. На овој натпревар, штафетата на АК “Вардар” 4×400 м. во состав М.Треневски, П.Терзиев, З.Тасевски и Ц.Панев го освои второто место со време 3:33,6 .Голем успех постигна екипата на АК “Вардар” на државниот крос за постари јуниори во Белград, освојувајќи го првото место. Во екипата настапија: Павлов Ристо, Анастасов Богдан, Буцевски Милош и Наумовски Веле. На истиот натпревар, и женската екипа на АК “Вардар” во категоријата помлади јуниорки, со освоеното шесто место, постигна забележителен успех. Во екипата настапиле: Мусовска Ксенија, Мусовска Земија и Карева Петра. Во септември 1969 г., АК “Вардар” беше во Чехословачка, каде настапи на еден меѓународен митинг во градот Плзен.